Поврзете се со нас

Свет

Евролигашки клубови заинтересирани за Димитријевиќ

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ од сезона во сезона е се подобар во дресот на Хувентуд и воопшто нема да биде изненадување ако во блиска иднина го видиме во поголем, поквалитетен клуб.

Такво едно сценарио најавува „Инсајд баскет“ кој смета дека евролигашите Валенсија и Басконија се тимови во кои би можело да има место за нашиот плејмејкер.

Димитријевиќ има 22 години што значи пред него е иднината, може да напредува и за тоа ги има сите предиспозиции.

Во актуелнава кампања тој имаше бројки од 8 поени, 3,3 асистенции и 1,7 скока во АЦБ лигата и 11,9 поени, 3,9 асистенции и 1,6 скока во Еврокупот.

Димитријевиќ и Хувентуд го очекуваат завршниот дел од сезоната, кој ќе биде организиран во вид на турнир и по кој ќе бидат познати финалните позиции на екипите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни