Поврзете се со нас

Евролига

Евролига: Звезда ја доби драмата во Берлинг, Партизан потклекна во второто полувреме

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBbasket

Денешната програмата во Евролигата донесе шест натпревари во најсилното друштво, но и два различни исхода за двата најдобри српски тимови кои се дел од елитата.

Црвена Звезда успеа да стигне до прва гостинска победа оваа сезона и ја доби драмата во Берлин, или поточно по продлженија ја победи Алба со резултат 84:88.

Регуларниот дел по четири четрвтини заврши 75:75, но во клучните минути, повеќе нерви имаа кошаркарите од Србија кои победија со 13:9. За Звезда ова е трета победа сезонава во Евролигата, втора во низа.

Од друга страна, Партизан остана на четири победи во Евролигата, односно го претрпе петтиот пораз, кој беше и очекуван со оглед на противникот.

Партизан долго парираше во првото полувреме и беше во егал ситуација до средина на втората четвртина, по што следеше доминација на каталонците кои ги преземаа работите во свои раце. Третиот период ја направи клучната разлика бидејќи Барса стигна до плус 16, што беше најава за победата од 79:68.

Останати резултати во Евролигата: Монако-Фенербахче 93:96, Макаби-Олимпијакос 90:84, Милано-Анадолу 51:80, Валенсија-Реал Мадрид 73:80.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни