Евролига Топ 10: Летечкиот Мели ја крена на нозе публиката во Истанбул (Видео)

nikolo-melli

Во кошаркарската Евролига беше одиграно и второто коло во кое приматот или местото број еден за најдобар потег му припадна на италијанскиот репрезентативец Николо Мели.

Членот на Фенербахче на средбата против Химки имаше една одлична атракција, тргна во соло акција и успеа да забие под прекршок и на тој начин да ги крене на нозе соиграчите од клупата како и публиката во Истанбул.

Во однос на признанието МВП тоа овој пат го поделија центрите на Реал Мадрид и Олимпијакос. Ентони Рендолф и Никола Милутинов. Двајцата собраа по 33 индексни поени на пресметките со Армани Милано и Басконија.

Facebook Коментари