Евролига
Евролига: Шортс и Париз го урнаа Реал среде Мадрид, Баерн ја елиминираше Звезда после голема драма

ПАриз направи голем подвиг и ја продолжи својата вонсериска сезона во Евролигата, такашто со победата над големиот Реал Мадрид успеа да си обезбеди место во плејофот.
Тимот на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс не се уплаши од атмосферата и од противникот и успеа да слави во шпанската престолнина, па на крајот оствари и комотен триумф од 73:81.
Париз диктираше темпо од самиот старт и на полувреме замина со дцоцифрена предност, па иако Реал се закани во третата четвртина, немаше доволно сили за пресврт во клучниот период.
Гостите одолеаа на притисокот и со цврста одбрана го неутрализираа фаворизираниот тим, а со тоа се израдуваа на голема победа со обезбедено седмо место во плејофот.
Шортс беше играч број еден на теренот со 23 поени, 9 асистенции и 2 скока.
Далеку подраматично и понеизвесно вечерва беше во Минхен, каде Баерн после продолжение успеа да ја урне Црвена Звезда и да ја елиминира од Евролигата.
Баерн помисли дека ја обезбеди победата кога Едварс погоди за 84:82 на две секунди пред крајот, но гостите успеаја да изведат импресивна акција во следниот напад и преку Петрушев да изборат продолжение.
Во дополнителните пет минути, Звезда отвори многу лошо и дојде до негатива од пет поени, што на крајот се покажа како пресудно за пораз од 97:93.
На овој начин, Баерн си обезбеди уште еден натпревар за пласман во плејофот, а противник ќе му биде поразениот Реал Мадрид.
-
Свет22 часа
Омилениот клуб на Папата испрати последен поздрав: Фан со кој се гордеевме!
-
Англија19 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија18 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија19 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
Италија21 час
Од голман до гол: Серија А ја издвои „Гасперини бол“ акцијата за победа на Аталанта (Видео)
-
НБА16 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА7 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија20 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона