Англија
Евра: Жиру има само еден проблем, тоа е неговото име!

Патрис Евра како стручен аналитичар на „Скај Спортс“ денеска е главен гостин во студиото, а оттаму пристигнаа неколку интересни изјави за дуелот кој го имаше Манчестер Јунајтед, но и оној меѓу Челси и Лидс кој се игра во ноќниот термин од 21:00 часот.
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед во најавата за мечот со Челси одлучи да му даде огромно признание на својот сонародник Оливие Жиру, кој според голем дел фудбалски ескперти е една од најпотценетите фудбалски ѕвезди, не само во Премире лигата, туку и во светски рамки.
Истото мислење го дели и Евра, кој пак на свој карактеристичен начин, се обиде да објасни кој е единствениот проблем кој го има искусниот напаѓач на Челси кој постигна четири гола на мечот со Севилја, а во првото полувреме постигна гол и против Лидс.
– Јас мислам дека Жиру има само еден проблем, тоа е неговото име. Ако се викаше Жирудињо или нешто слично, сите луѓе ќе го сакаа него.
– За мене, тој е најкомплетниот напаѓач кој го има Челси во тимот и не сфаќам зошто секогаш е некако во втор план. Дури и во нациоанлниот тим луѓето го доведуваат во прашање неговиот стил. Истото беше и во Арсенал, и таму наидуваше на критики, а тој секогаш ја подигнува формата едно ниво погоре и поради тоа толку многу го сакам Оливие.
– Ако бев менаџер и го имав во тимот, тој секогаш ќе биде во првиот тим. Секоја сезона слушаме некоја трансфер сага за Жиру, но тој е најдобриот напаѓач на Челси во овој момент, – заврши Евра.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Светпред 24 часа
Арсенал конечно се ослободи од Месут Озил, фудбалерот утре потпишува за својот нов тим
- Италијапред 20 часа
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 22 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 21 час
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)