Поврзете се со нас

Англија

Евра застана во одбрана на Роналдо: Сите сме луѓе, тоа го направи…

Објавено

на

Кристијано Роналдо направи вистински хаос со интервјуто во кое негов домаќин беше Пирс Морган, интервју со кое дефинитивно си потпиша разделба со Манчестер Јунајтед.

Тој го критикуваше клубот, управата, порача дека воопшто не го почитува менаџерот Ерик Тен Хаг…па со ваквиот однос во ситуација кога се уште е врзан со договор со премиерлигашот донесе потрес на „Олд Трафорд“.

Има доста критики за овој потег на Портуалецот, но има и луѓе кои се уште го бранат како што е Патрис Евра кој му најде оправдување на ветеранот.

-Ова е навистина лош момент за Кристијано во моментов и има многу луѓе што го критикуваат за неговиот став, но на крајот на денот сите сме луѓе. Не се обидувам да бранам никого, но понекогаш кога сте повредени може да направите грешки, -вели Евра кој смета дека напаѓачот може да експлодира на СП.

-Мислам дека Кристијано Роналдо ќе ја искористи шансата да покаже дека е најдобриот играч на светот. Во последниот натпревар тој беше исвиркуван од сопствените навивачи, па ќе биде навистина повреден. Тој веќе освои нешто со својата земја, но сигурен сум дека овој турнир ќе биде личен за него. Тој треба да размислува за тимот, а тие имаат силен состав и мислам дека Португалија може да изненади доста луѓе. Тие го имаат Роналдо кој е лут во моментов.

-Лут за победата, лут за головите и лут што им покажа на луѓето дека е најдобриот играч на светот и се надевам дека тоа нема да влијае на тимот. Ова може да биде негово последно СП, а со сето она што се случува со Манчестер Јунајтед, сигурен сум дека едвај чека да започне. Во неговата глава тој веќе ќе тренира и ќе се подготвува, -порача Патрис за „Бетфер“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни