Поврзете се со нас

Англија

Евра за тренерската шанса која ја пропушти Јунајтед: Навистина ме боли, тој е во топ три во светот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед имаше неколку тренерски опции на располагање откако заклучи дека Ралф Рангник не ги оправда очекувањата по заминувањето на Оле Гунар Солскјер, но како што стојат работите, се чини дека клубот својата најголема шанса за елитен менаџер ја пропушти токму изминатава зима кога се поврзуваше со Антонио Конте и Маурисио Покетино.

На крајот, клубот од „Олд Трафорд“ стапи во контакт со Ерик Тен Хаг и го избра Холанѓанецот како предводник за новиот проект, но реалноста е дека ова ќе биде прв значаен проект за стручњакот надвор од својата родна Холандија и има големи непознати околу тоа како ќе успее да се справи со притисокот.

Легендарниот Патрис Евра вели дека ќе му даде поддршка на Тен Хаг, но жали што клубот не го ангажираше Антонио Конте кога имаше можност да го направи тоа.

– Ме боли срцето што Јунајтед не го доведе Конте. Според мене, во топ три елитата се Конте, Клоп и Гвардиола, тие се најдобри во светот во овој момент и можевме да имаме еден од нив во Манчестер Јунајтед. Но за жал, некои луѓе во клубот сметаа дека неговиот стил не му прилега на Јунајтед.

– Тоа е што е, сега го имаме Тен Хаг и јас ќе го поддржувам. Јас го поддржувам секој тренер кој доаѓа во клубот. За мене лично, разочарувањето е огромно околу Конте бидејќи сметам дека можеше да направи нешто големо со Јунајтед. Гледате што направи во Тотенхем, од каква ситуација го однесе тимот во Лига на шампиони. Затоа ме боли што не го донесовме, – гласи изјавата на Евра дадена за „Мирор“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни