Поврзете се со нас

Свет

Евра за споредбите Мбапе со Анри: Никогаш немојте тоа да го правите, ставате луѓе…

Објавено

на

Foto:instagram.com/patrice.evra

Некогашниот ас на Монако, Јувентус и Манчестер Јунајтед, Патрис Евра имаше што да каже за споредбата на неговите сонародници Килијан Мбапе и Тјери Анри.

Анри беше дел од една друга генерација, генерација која ја фати и Евра, додека пак Мбапе е лидер на новиот бран на француски фудбалери. Често знаат да се повлекуваат паралели меѓу популарниот Тити и сегашната ѕвезда на Реал Мадрид која е на само три гола од некогашниот фудбалер на Арсенал кога е во прашање вечната листа на стрелци на „галските петли“.

Самиот Анри има изјавено дека Килијан веќе го има надминато, но Евра има сосема поинаков став за работите и без влакна на јазикот во свој стил порача:

-Кога ќе почнете да велите дека [Мбапе] е најдобриот играч или еден од најдобрите, мислам дека тој не ни блиску до Жан-Пјер Папен. Никогаш да не го споредуваме Мбапе со Тјери Анри. Никогаш да не го споредуваме. Го создадовте овој производ.

-За мене, [Мбапе] бара премногу топлина, но кога зборувате за најдобрите играчи во светот… Момци, дали ги имате видено настапите на Анри? Ставате луѓе на пиедестал кои не се на пиедестал, -порача Патрис за „РМЦ Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни