Поврзете се со нас

Англија

Евра за ѕвездата на Манчестер Јунајтед: Иако не играше добро под Мурињо ми рече дека никогаш нема да замине..

Објавено

на

Патрис Евра беше гостин во отвореното студио на „Скај Спортс“ за натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Французинот меѓу другото се осврна и на миленикот на фановите на клубот, Маркус Рашфорд кој оваа сезона блескаше во црвениот дрес се додека не стигна незгодната повреда на грбот.

Сепак, сега Рашфорд се врати во стројот и ќе може да ја доврши започнатата сезона во која веќе постави личен рекорд за постигнати погодоци во една година.

Младиот напаѓач се мачеше под водство на Жозе Мурињо и не играше на посакуваното ниво, па многумина мислеа дека тој би можел и да си оди од клубот, а одредени медиуми го поврзуваа и со трансфер во Барселона.

Сепак, Евра сега откри дека Рашфорд му се доверил и му кажал дека никогаш нема да си замине од Манчестер Јунајтед  колку и тежок период да има пред себе.

– Кога Рашфорд играше под Жозе Мурињо тој ми кажа дека не му е баш најдобро. Но исто така и ми кажа дека никогаш нема да го напушти Манчестер Јунајтед, -изјави Евра за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни