Поврзете се со нас

Англија

Евра: Варан ме потсетува на голема легенда на Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера официјално го најави ангажманот на Рафаел Варан, фудбалер кој ќе може официјално да биде претсавен откако ќе ги мине медицинските прегледи и ќе го одработи задолжителниот карантин во Британија.

Францускиот репрезентативец е второ огромно засилување за Јунајтед за новата натпреварувачка сезона, потег со кој „ѓаволите“ дополнително ја потврдуваат кандидатурата за атак на шампионската титула во Премиер лигата.

Јунајтед претходно го ангажираше Џејдон Санчо, но во Варан добива играч кој ќе треба да ги реши сите проблеми во одбраната.

– Варан ме потсетува на големата легенда на Јунајтед, а тоа е Рио Фердинанд. Одличен со топката, висок и фантастичен во скок играта во воздух. Рафаел е комплетен централен стопер, се сеќавам на првиот меч кога го видов во француската репрезентација, бев импресиониран од него.

– Тој беше толку млад, но имаше неверојатна самодоверба со топката во своите нозе. Јунајтед не можеше да доведе подобро засилување од ова, – смета легендарниот лев бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни