Поврзете се со нас

Свет

Евра: Тие му го дадоа СП на Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Некогашниот член на Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Олимпик Марсеј и Вест Хем е познат по знае да се шегува, но и да претера со некои негови реакции и коментари, а во тој дел може да се стави и неговиот последен став за последното Светско првенство кое го освои Аргентина.

Аргентина имаше одличен турнир, односно откако дозволи вистински шок на отварањето и пораз од Саудиска Арабија се стабилизираше, одигра на високо ниво за да во финалето ја добие Франција по подобро изведување на ударите од 11 метри.

„Гаучосите“ на тој меч со „триколорите“ дозволија многу лесно да го изгубат тоа што го градеа низ натпреварот, поточно му дозволија на ривалот да се врати од негатива и се избори во продолжение во кое видовме нова драма по што на крајот пеналите.

Овој пораз се уште е болка за Французините, па Евра во разговор со Жером Ротен порача дека ФИФА му ја подарила титулата на Лионел Меси.

-Добро, ништо немаме освоивме од 2018 година, но сите знаеме дека во 2022 година му го дадоа Светското првенство на Меси. Сето тоа беше веќе напишано. Дури и Французите сакаа Меси да го освои, -порача Евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни