Поврзете се со нас

Англија

Евра со сурово искрен коментар за едно од засилувањата на Јунајтед: Не ни е потребен, зошто го купивме?

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед вчера одигра натпревар без голови против еден од ривалите за пласман во Топ 4 оваа сезона, тимот на Челси.

На натпреварот на „Олд Трафорд“ домашниот тим имаше повеќе зрели шанси за погодок, но не успеа да го совлада одличниот Менди кој со неколку супер одбрани не дозволи да се тресе неговата мрежа.

На овој натпревар шанса воопшто не доби Дони Ван де Бек, едно од летните засилувања на Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот беше првото име кое пристигна на „Олд Трафорд“, но засега не добива голема минутажа од Оле Гунар Солскјер.

Токму затоа со суров коментар по вчерашниот натпревар се јави Патрис Евра кој се запраша зошто клубот купил играч кој не им е потребен, алудирајќи на тоа дека се прават избрзани и панични трансфери.

– Зошто го купивме Ван де Бек? Немам ништо против него, но тој постојано ги гледа натпреварите од трибините. Не ни е потребен. Никој нема да го каже ова, но тоа е вистината, -изјави Патрис Евра.

На честите прашања зошто Ван де Бек не добива шанса за настап, одговор даде и најповиканиот во оваа ситуација, Оле Гунар Солскјер.

– Не грижете се поради тоа, тој ќе добива шанса. Лесно е да се каже кој треба да игра, но уште потешко е да се каже кој не треба да игра, -порача Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни