Поврзете се со нас

Свет

Евра: Сите го гледаат само крајниот резултат, но јас просев пред продавниците во Париз!

Објавено

на

Патрис Евра ја заврши својата фудаблска кариера со 21 титула во своите витрини и со богато фудаблско искуство на клупски и репрезентативен план.

Офанзивниот лев бек беше незаменлив во стартната постава на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед долги години и беше стандарден член од составот на француската фудаблска репрезентација, но како ѕвезда со таков статус, не се срами да признае дека имал исклучително тешко детство со оглед на тоа што е дел од повеќедетно семејство.

Патрис често бил хранет од својот постар брат кој работел во „Мекдоналдс“, а кога не можеле да го изведуваат тоа, просел пред продавници и често знаел да го мине цел ден на улица.

– Бев во Париз, но живеев на улица и доста често немав што да јадам. Се сеќеавам дека мојот брат Доминик работеше во „Мекдоналдс“ и кога беше на смена, ми го даваше неговиот оброк за да се најадам. Кога не постоеше таква опција, не се срамам да кажам дека морав да просам за да добијам некоја паричка пред продавниците. Стоев пред продавниците и барав од луѓето по некоја монета. Понекогаш ми даваа пари, понекогаш не, им барав пари за да си купам сендвич. Беше тешко, но секогаш бев среќен. Не би променил ништо од тоа, повторно би минал низ тоа, бидејќи улицата ме направи човекот што сум денеска. Кога си успешен, сите го гледаат крајниот резултат, гледаат на телевизија дека си суперѕвезда, но реалноста вели дека на улицата на учив многу и улицата ме направи толку силен. Ова сакам да биде инспирација за децата, да сфатат дека никогаш не треба да се откажуваат, да не се предаваат, – вели Евра во интервјуто за подкастот на Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни