Поврзете се со нас

Англија

Евра не го дели ставот на Кин и Невил: Тие можат да ја освојат титулата во Премиер лигата

Објавено

на

Премиер лигата е најатрактивното првенство на светот, шампионат кој секогаш носи возбуда, неизвесност, квалитетни натпревари во кои секој тим може да дојде до победа, три бода без разлика на тоа каде се наоѓа на табелата.

Арсенал најдобро го одработи досегашниот дел од оваа кампања и со 50 бода е на првата позиција, меѓутоа и покрај тоа останува дилема дали се способни да ја освојат пехарот и со тоа да направат големо изненадување со оглед на тоа што никој пред почетокот на кампањата не ги гледаше во трката за првата позиција.

Има доста луѓе кои се уште не веруваат во „топчиите“, а меѓу нив се и имиња како Рој Кин и Гери Невил, ама има и такви кои се убедени дека избраниците на Микел Артета ќе ја завршат започнатата работа, поточно таков е ставот на Патрис Евра.

-Продолжуваме да велиме дека Арсенал се докажа против Челси, против Тотенхем и сега против Јунајтед, но сите исто велат дека сè уште мора да се соочат со Манчестер Сити. Ако јас бев играч на Арсенал ќе бев „запален“, се обложувам дека не може да дочекаат да играат со Сити. Дури и ако Сити ги победи во двата натпревари во Премиер лигата, тие сепак имаат шанса да ја освојат титулата ако се силни ментално.

-Не се согласувам со Рој Кин и Гери Невил, не мислам дека Сити ќе ја освои лигата, мислам дека Арсенал ќе биде шампион. Начинот на кој тие играат конзистентно, тоа не го гледам кај Сити. Чувствувам дека Гвардиола сè уште бара нешто, таа совршена комбинација. Кога имате тим како Арсенал кој очајна сака да ја освои лигата, не можете да губите време.

-Сити е Сити и ако јас бев Арсенал би сакал друг тим да ме следи. Мора да го почитувате Сити и да бидете внимателни со нив, -порача Патрис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни