Поврзете се со нас

Англија

Евра: Фергусон никогаш не викаше само по еден играч

Објавено

на

Сер Алекс Фергусон одбележа една голема ера во Манчестер Јунајтед, клуб во кој мина скоро 30 години на клупата, период во кој ги освои сите можни трофеи.

Низ тие три децении популарниот Ферги имаше можност да соработува со многу играчи, а еден од нив е Патрис Евра. Французинот слета на „Олд Трафорд“ во 2006 година и се задржа до 2014 година што секако е доволно време да се донесат одредени заклучоци, а од денешна перспектива и да се открија некои работи од соблекувалната, тренинзите.

Имено Патрис обелодени дека само еден играч никогаш не го добил „фен“ третманот на Фергусон-тоа бил Пол Сколс.

-Единствениот фудбалер кој никогаш не го почувствува гневот на Фергусон беше Пол Сколс. Секогаш кога се мачевме, газдата ни велеше да му ја дадеме топката на Сколс. Тој е оној кој ја контролира играта, тој е оној кој го контролира темпото. Пол беше срцето на Јунајтед, -истакна Евра кој потоа проговори за кам-бекот на Сколс на терените со оглед на тоа што големиот борец се повлече во 2011, па се врати во 2012 година.

-Го криеја до последен момент. Се сеќавам дека бев еден од првите што влегов во соблекувалната, погледнав наоколу и го видов дресот на Пол Сколс. Не можевме да веруваме, тоа беше поважно од играњето на натпреварот. Фергусон мораше да не смири. Бевме среќни, не ни требаше да ја играме играта. Повторувам дека Фергусон е најдобриот менаџер во историјата, бидејќи ја знаеше реакцијата и влијанието на Пол врз тимот. Тој ни помогна да веруваме во себе, а добивме самодоверба од Сколс, -заклучи Евра за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни