Поврзете се со нас

Светски првенства

Евра е сигурен: Франција ќе ја разбие Англија

Објавено

на

Четвртфиналето на Светското првенство ни носи и една европска класика, битка на Франција и Англија.

„Триколорите“ сакаат да останат на врвот на светскиот фудбал уште четири години, додека пак „гордиот албион“ цели кон пехарот за кој долго сонува. Поради ова со нетрпение се очекува овој меч пред кој своја прогноза даде Патрис Евра.

Евра долги годин играше на островот, но тој нема дилеми околу тоа кој ќе слави, односно тој очекува сигурен триумф на четата на Дешамп.

-Се чувствувам самоуверено, но не и арогантно. Задоволен сум од она што Франција го прави во моментов, но среќен сум и со она што го прави Англија во моментов. Мислам дека ќе биде интересен натпревар, но додека мислам дека Англија ќе мора да се грижи за играчи како Килијан Мбапе, Франција исто така мора да се грижи за играчи како Сака и Фоден. Франција има грижи за селекцијата на Англија.

-Можете да ми кажете дека Кајл Вокер ќе го неутрализира Мбапе, тоа го направи многу добро против Нејмар во Лигата на шампионите, но знам дека Мбапе ќе се пресели во центарот и ќе се соочисо Џон Стоунс и Хари Мегваер, тоа ќе им биде тешко им е да го спречат.

-Тоа е микс, чувствувам дека Франција ќе ја разбие Англија, но Англија исто така може да ја победи Франција, така што јас влегувам во натпреварот самоуверен, но исто така би можел да бидам изненаден. Можам да видам како Франција победува со 2-1. Можам да видам како ние го постигнуваме првиот гол, а потоа Англија израмнува. Можам да видам дека ова е уште еден момент за Мбапе да прави работи кои Мбапе ги прави во последните 10 минути. Не гледам да оди во продолженија или пенали. Ако оди на пенали, тоа е ризик за Франција. Луѓето знаат колку ја сакам Англија, мислам дека дури и некои Французи мислат дека ќе ги поддржам, ама ќе навивам за Франција.

-Но, никогаш нема да го заборавам моето искуство во Англија и тоа ќе биде добра шала. Ќе направам забавно видео ако Франција ја победи Англија. На крајот на денот, тоа е голем меч и има многу мајтап. Навистина и благодарам на Англија за сите тие одлични години, но време е вие да изгубите. Ќе јадам полжави и ќе пеам „Се враќа дома“, ако ја победиме Англија, -порача Патрис за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни