Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Евра брутално го истрола Сити по елиминацијата од ЛШ (ФОТО)

Објавено

на

Манчестер Сити беше многу блиску до второ финале во низа во Лигата на шампионите, но доживеа вистински шок во завршницата на пресметката со Реал Мадрид на која прими два гола за да потоа потопот биде потврден во продолженијата со голот на Карим Бензема за 3-1 и вкупни 6-5 за шпанскиот великан.

Ова секако е голем удар за „граѓаните“, пораз на кој му се израдуваа оние кои воопшто не го сакаат клубот кој веќе одреден период доминира во Англија.

Во таа група е Патрис Евра, екс играчот на Манчестер Јунајтед кој ги искористи социјалните мрежи да му фати сеир на Сити со една фотографија заедно со легендарниот Боби Чарлтон.

-Сер Боби, можеш ли повторно да провериш дали е тука името на Сити, прашува Евра на што добива одговор:

-Не, се уште не е тука, -порачува Чарлтон.

Евра во описот има ставено уште една порака со која јасно ги трола избраниците на Гвардиола.

-Што мислите, уште колку години јас и Сер Боби ќе мора да проверуваме? 1, 5, 90 години-пишува Французинот.

„Граѓаните“ немаат трофеј во ЛШ, додека Јунајтед има три од кои една со Евра во составот во сезоната 2007-08.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patrice Evra (@patrice.evra)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни