Евгениј поп Ацев со фотофиниш повторно на светскиот трон во маратонската гран при серија!

evgeni_popacev_ohrid_2015

Со освојување на четвртото место во последната трка од календарот за 2017 година, Евгениј поп Ацев стигна до делба на првото место во генералниот пласман во гран при серијата на ФИНА за маратонско пливање.

Поради лошо време, традиционалното финале со маратонот од Капри до Неапол беше заменето со трка на 16 километри, патека од два километри на која се пливаа 8 круга. Првите две места им припаднаа на Италијанците Матео Фурлан и Андреа Бјанки, но групата од третата до петтата позиција одлучуваше за светската титула. Аргентинецот Гилермо Бертола стигна на целта како трет, само една секунда пред Евгениј поп Ацев и Германецот Александар Студжински кој победи во Охрид.

kapri napoli

На овој начин, Бертола успеа да се изедначи со Евгениј поп Ацев во бодовното салдо, бидејќи нашиот пливач имаше трето место (и 9 бода) на првата трка во февруари (Санта Фе), каде што Аргентинецот не учествуваше. Маратонот во Канада традиционално носи 25 бода за победа, па Бертола со триумфот беше изедначен со Евгениј кој повторно беше трет и освои 16 поени. Во Охрид, поп Ацев со освојување на второто место и освоени 11 бода поведе на табелата, но бидејќи Бертола беше трет, таа предност беше само два бода. На денешната трка Евгениј не требаше да дозволи Аргентинецот да му избега и „мртвата трка“ до целта каде што одлучуваше фотофиниш. Бертола освои девет бода за третото место, а Евгениј седум, па обајцата ја завршија сезоната со по 43 поени.

Вториот македонски претставник Александар Илиевски го освои 12 место во трката.

Ова е трета година едно по друго како македонски пливачи ја освојуваат маратонската гран при серија: во 2015 година триумфираше Евгениј поп Ацев, во 2016 година шампион беше Томи Стефановски, а сега повторо Евгениј поп Ацев се врати на тронот.

Facebook Коментари