Поврзете се со нас

Англија

Евертон со нереално барање до ПСЖ: „Карамелите“ поставија вртоглава сума за Кен

Објавено

на

Моизе Кен блеска во дресот на ПСЖ каде игра како позајмен фудбалер од редовите на Евертон и во досегашниот тек од сезоната има постигнато 14 погодоци.

Младиот италијански репрезентативец ја игра најдобрата сезона во својата кариера успевајќи да задржи константно место во тимот на ПСЖ каде како конкуренција ги има Нејмар, Мбапе, Ди Марија и Икарди.

ПСЖ има јасна намера да го откупи Кен од Евертон, меѓутоа англискиот клуб ќе му прави проблеми на гигантот од Франција со цената која ја постави за неговите услуги.

Фабрицио Романо пренесува дека Евертон за Кен ќе бара ни помалку ни повеќе туку 70 милиони фунти, сума која е енормно голема за фудбалер кој само една година игра на највисоко ниво.

ПСЖ ќе размисли дали ќе се согласи да плати толку пари за италијанскиот повремен репрезентативец или ќе го врати Кен на „Гудисон“ каде прв напаѓач е Доминик Калверт- Луин кој исто така игра одлично оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни