Англија
Евертон си обезбеди рекорден спонзорски договор со производител на спортска опрема
Премиерлигашот Евертон ќе добие сериозна финансиска инјекција, откако потпиша нов спонзорски договор со производител на спортска опрема.
„Карамелите“ решија да ја завршат соработката со „Umbro“ и наредните три години ќе носат дресови и спортска опрема од брендот „Hummel“, кој на англискиот тим ќе му исплати 30 милиони фунти за трите сезони.
Тоа е значително подобрување на финансиските ресурси на Евертон, бидејќи според досегашниот договор, клубот од „Гудисон Парк“ по сезона добиваше помалку од половина од таа сума, односно по 4,5 милиони фунти.
Интересно е што Евертон ќе ја заврши соработката и со досегашниот спонзор на дресовите, букмејкерската куќа „Sportpesa“, а засега не е јасно кој ќе ја заземе оваа позиција.
Без разлика на новата ситуација, при најавениот рестарт, Евертон ќе ја доигра сезоната со дресовите на „Umbro“.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)