Англија
Евертон подготвува отказ за Дајч, јасен е првиот фаворит на фановите и клубот
Лошиот старт на Евертон го запали алармот во клубот уште по само неколку кола, а раководството веќе размислува за отказ за актуелниот менаџер Шон Дајч.
Англиските медиуми пренесуваат дека клубот планира да направи промена за да овозможи евентуално будење на екипата додека се уште има време, а веќе е познат и фаворитот за наследник на Дајч.
Се работи за искусниот Дејвид Мојс, кој токму како менаџер на Евертон се истакна на англиската фудбалска сцена, а ги одведе „карамелите“ и до пласман во Лигата на шампионите.
Престојот и солидните резултати во Евертон на Мојс му овозможија да биде назначен и за наследник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, но таму не успеа да ги оствари посакуваните резултати. Мојс во моментов е без ангажман, а последно го водеше Вест Хем.
По три рунди во Премиер лигата, Евертон има исто толку порази и е на дното на табелата во Премиер лигата.
-
Лига на шампионипред 13 часа
Баерн со непријатно изненадување за Ристовски и Адеми: Можете само да се сликате на „Алијанц арена“ (Фото)
-
Лига на шампионипред 16 часа
Алисон распали по новиот формат во пресрет на премиерното коло во ЛШ: Не сме глупави!
-
Светпред 12 часа
Ракитиќ излезе со поинаква изјава за Саудиска Арабија од сите ѕвезди кои се вратија во Европа
-
Лига на шампионипред 11 часа
Сидорф: Тимот кој треба да се победи е Реал, но има два клуба кои можат да го предизвикаат за трофејот во Европа
-
Светпред 9 часа
Ништо од Серија А: Перишиќ пред преселба во далеку послаба лига во Европа
-
Шпанијапред 10 часа
Гути без размислување го „испука“ играчот на Барса кој би го купил за актуелниот тим на Реал (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Родригез-манија во Мадрид: Хамес се врати во Ла Лига и ги стресе трибините на „Валјекас“ (Видео)
-
Светпред 14 часа
Марсијал конечно пред реализација на трансфер, ќе стане најплатен играч во историјата на „двоглавите орли“