Англија
Евертон и Ливерпул добија дозвола да играат на „Гудисон Парк“
Градските власти и полицијата во Ливерпул денеска дадоа зелено светло за Евертон и Ливерпул да ги играат преостанатите натпревари од Премиер лигата на своите стадиони.
Двете екипи од Ливерпул веќе на 21 јуни го играат градското дерби, а Евертон денеска доби дозвола таа средба да ја организира на „Гудисон Парк“, со што е елиминирана неизвесноста во пресрет на овој дуел.
Доколку одговорните решеа спротивно, Евертон и Ливерпул ќе требаше да играат на неутрален терен.
Со денешната одлука, Евертон ќе одигра вкупно пет натпревари на домашен терен на својот стадион, а по „Мерсисајд“ дербито следуваат пресметките со Лестер, Саутемптон, Астон Вила и Бурнмаут. Одлуката го прави и „Енфилд“ достапен за Ливерпул и неговите натпревари.
Во зависност од резултатот на средбата Манчестер Сити-Арсенал која се игра на 17 јуни, Ливерпул може да биде крунисан за шампион уште по градското дерби, кое се игра четири дена подоцна.
-
Шпанија10 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Италија23 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони23 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија16 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Македонија21 час
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија20 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони17 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…