Поврзете се со нас

Англија

Евертон го потврди името на новиот менаџер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Everton

Новите сопственици на Евертон решија да направат менаџерска промена среде сезона, па Шон Дајч заработи отказ, а „карамелите“ сега ќе бркаат опстанок во Премиер лигата со уште поискусен тренер.

Утринава, клубот од Ливерпул го официјализираше враќањето на Дејвид Мојс во клубот каде имаше најдобри резултати на долг период и со кој се наметна како наследник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед.

61-годишниот шкотски стручњак се враќа на „Гудисон Парк“ со единствена цел што порано да го осигура останувањето во елитата на синиот клуб од Ливерпул, а за него тоа е нов мандат во Евертон по оној кој го заврши во 2013 година.

– Уживав во незаборавни и успешни 11 години во овој клуб и немав никакви дилеми кога ја добив понудата, – истакнал Мојс, кој по краткиот престој во Манчестер Јунајтед, ги водеше и Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем.

Евертон сезонава има само три победи и е одалечен само еден бод од опасната зона во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни