Поврзете се со нас

Англија

Евертон фаворит за играчот кој не се снајде во дресот на Јувентус

Објавено

на

Медиумите во Италија пишуваат дека Карло Анчелоти ќе се обиде да донесе фудбалер на Јувентус во летниот преоден рок.

Кога искусниот Италијанец потпиша договор со Евертон му беше ветено дека ќе добие значителни финансиски средства за трошење во летниот преоден рок.

И покрај кризата предизвикана од коронавирусот, се очекува Евертон да биде активен на трансфер пазарот, а една од метите ќе биде и Адриен Рабио од редовите на Јувентус.

25 годишниот француски интернационалец не се снајде воопшто во Торино по неговиот премин во Јувентус минатата сезона.

Рабио претходно речиси и да не играше за ПСЖ затоа што одбиваше да го продолжи договорот, па како слободен агент слета во Торино, меѓутоа не покажа многу.

Токму затоа, од Јувентус се подготвени да го пуштат играчот да си оди, а Евертон барем според „Тутоспорт“ засега е најзагреан за неговите услуги.

За Рабио се распрашуваат и Арсенал и Тотенхем, меѓутоа „карамелите“ во моментов можат да му понудат најприфатливи услови, па затоа се фаворити за неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни