Еве зошто го бара цела Европа: Лаутаро измисли страшен тунел „дриблинг“ и ја обиколи Јужна Америка (Видео)

lautaro-dribling

Лаутаро Мартинез без никаква конкуренција е убедливо најбараниот Аргентинец од страна на големите фудбалски гиганти во Европа, а ако има нешто сигурно, тоа е дека неговиот клуб Расинг ќе заработи навистина одлична сума на пари за суперталентираниот 20-годишен напаѓач.

Мартинез се уште нема потпишано договор со ниту еден клуб иако се чинеше дека трката ја доби Интер, па на листата сега чекаат и други големи великани како Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, па и неколку премиерлигаши. Поранешниот аргентински напаѓач, Ернан Креспо го спореди Лаутаро со Кун Агуеро и посочи дека мора да се најде во списокот на Сампаоли на Светското првенство во Русија, а зошто го бара цела Европа ни докажа на последниот меч на неговиот Расинг на кој изрежира неверојатен „тунел“ дриблинг од кој застанува здивот….

Facebook Коментари