Поврзете се со нас

Англија

Еванс промаши цел гол, Манчестер Сити ја најави новата сезона со трофеј во „Комјунити шилд“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити имаше негатива во финишот, но успеа да израмни за пенал завршница и на крајот преку пеналите го победи Манчестер Јунајтед на „Комјунити шилд“ пресметката на „Вембли“.

Натпреварот донесе различни периоди во кои доминираше некој од тимовите, а Манчестер Сити прв го притисна противникот и имаше иницијатива во голем дел од првото полувреме.

МекАти погоди дирек, но во продолжение и Манчестер Јунајтед почна да се заканува, а во вториот дел беше и поконкретен тим, при што атрактивен погодок на Бруно Фернандеш беше поништен поради офсајд.

Влегувањето на Алехандро Гарначо донесе дополнителна енергија во тимот на Ерик тен Хаг, а токму Аргентинецот убаво заврши една акција на својата екипа и во 82. минута го матираше Едерсон со прецизен удар.

Сепак, резервистот Бернардо Силва не дозволи средбата да заврши по регуларните 90 минути и со глава стрелаше во 88. минута, испраќајќи го натпреварот во пенал завршница.

Прв промаши токму Силва за Сити, но Санчо не успеа да го совлада Едерсон во четвртата серија, па во последната двете екипи влегоа со израмнет скор.

Трите наредни серии не донесоа промашување, но потоа Еванс биеше многу лошо и промаши цел гол, па Аканџи го потврди новиот трофеј за шампионот Манчестер Сити.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни