Еузебио по втората победа над Вардар: Овојпат променивме една работа

eusebio-sakristan

Еузебио Сакристан уште еднаш имаше зошто да биде задоволен по натпреварот против Вардар кој овојпат го одигра на домашен терен, бидејќи Реал Сосиедад повторно максимално уверливо и без никакви проблеми го победи македонскиот фудбалски шампион со 3:0.

Тренерот на баскијскиот клуб во секое свое излагање говореше максимално со респект за тимот на Чедомир Јаневски, а посочи дека ги предупредил своите играчи да продолжат со таков идентичен пристап и на натпреварот кој се одигра на „Аноета“ без разлика на резултатот од првиот меч.

– Против Вардар го остваривме тоа што беше најважно, а тоа беше освојувањето на трите бода. Го задржавме победничкиот менталитет, со тоа што овојпат многу претпазливо ги биравме нашите напади. На почетокот нашиот ритам беше многу бавен, но потоа малку забрзавме и дојдоа шансите, а потоа и првиот гол. После тоа беше многу полесно за нас, – изјави Сакристан по мечот.

Facebook Коментари