Еурофарм Работник со пораз во Финска ја заврши гостинската задача во ЛШ

eurofarm tajmaut

Ракометарите на македонскиот вицешампион, Еурофарм Работник загубија од Кокс со 23-21 во последниот меч на гостински терен за оваа сезона во Лигата на шампионите.

Ова за „фармацевтите“ беше петти пораз на петтиот меч надвор од Битола и тоа во нивен стил, драматична средба во која решаваа нијанси. До самиот крај беше неизвесно, македонскиот прволигаш поведе со 21-20, меѓутоа потоа застана и домаќините со серија од 3-0 се изборија за славје пред домашните симпатизери.

Јотиќ со 5 и Остроушко со 4 гола беа први стрелци кај Еурофарм со тоа што треба да се забележи дека двајцата имаа лоша реализација, Ловро 5 од 11, а Владислав 4 од 10.

Таминен со 6 погодоци ја предводеше листата на стрелци кај победникот.

Четата на Алушовски авантурата во елитното натпреварување ќе ја заврши на 30 ноември против лидерот во групата Ц, шпанкиот состав Бидасоа Ирун.

Facebook Коментари