Еурофарм Работник победнички го заокружи настапот во ЛШ

eurofarm

Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Работник со победа над Бидасоа Ирун од 25-23 го заврши настапот во Лигата на шампионите.

„Фармацевтите“ во својот последен меч во групата Ц славеше над лидерот и тоа со пресврт во второто полувреме. Шпанскиот прволигаш го реализираше првиот дел ов своја корист со 15-14, но вториот 30 минути му припаднаа на составот од Битола кој одигра пред се одлично во одбрана и со 11-8 се избори за триумф пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“.

Остроушко со осум гола беше прв стрелец во победата, Марковски и Ѓукиќ постигнаа по четири погодоци.

Севкупно Еурофарм собра шест погодоци во десетте средби во дебитанската сезона во елитното натпреварување.

Facebook Коментари