Еурофарм Работник го реши Каунас и во Литванија

drogriski

Македонскиот ракометен проволигаш Еурофарм Работник ја мина првата пречка во Челинџ Купот и тоа со втора победа над составот на Гранитас Каунас.

Минатата седмица во Битола резултатот беше 28-24, додека пак денеска избраниците на Илија Темелковски беа уште поубедливи и славеа со 29-23. На полувремето Работник имаше предност од 11-10, позитива која во продолжението ја зголемиja за конечен триумф.

Репрезентативецот Ојлески со 7 голови беше најдобар стрелец.

Facebook Коментари