Еурофарм Работник го реши Гранитас во дебито во Европа

drogriski

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник извојува победа од 28-24 против литванскиот претставник Гранитас Каунас во првиот меч од Челинџ Купот.

Составот од Битола во своето деби во европските натпреварувања го надигра противникот и со четири погодоци позитива ќе патува на реваншот во Литванија кој се игра наредната седмица (25 ноември).

Клучната разлика Работник ја направи во првиот дел кој го доби со 12-8. Ојлески со 8 голови беше прв стрелец, Мојсоски даде 6, а Дрогришки 5 погодоци.

Древинкас на спротивната страна даде 8 голови.

Facebook Коментари