Еурофарм Работник го официјализираше кам-бекот на Остроушко во Битола

ostrusko

Македонскиот вицешампион и наш овогодишен претставник во СЕХА и Лигата на шампионите, Еурофарм Работник официјално се засили со искусниот Владислав Остроушко.

Украинскиот бек се враќа во Битола во таборот на „фармацевтите“ и тоа по само неколку месеци. Остроушко беше еден од најдобрите играчи на Еурофарм во минатата сезона, но неочекувано тој си замина и се пресели во Украина за да сега се наместат коцките и дојде до старото јато каде треба да преставува големо засилување со оглед на неговиот квалитет и знаење што го поседува.

Се очекува Остроушко да биде во комбинација за првиот меч за битолскиот состав во ЛШ против португалски Спортинг.

Facebook Коментари