Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер се закани на гостувањето во Данска, но потфрли во второто полувреме

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

По паузата која владееше на европската сцена, Еруфорам Пелистер се врати на обврските со гостување во Данска, на кое вечерва одново покажа две лица и на крајот претрпе нов пораз од Скандерборг Архус со резултат 24:22.

Ракометарите на Пелистер го забележаа четвртиот неуспех во седмото коло во ЕХФ Лигата на Европа, пред се поради црните 10-тина минути кои надвиснаа над гостинскиот тим во второто полувреме.

Тимот на Ларс Валтер беше подобар во првото полувреме и во најголем дел одржуваше предност од два гола, но на крајот на полувреме се замина со резултат 11:11.

На стартот на второто полувреме, домаќниот Архус направи серија од 10:3 и поведе со 21:14 на семафорот, а оваа црна дупка во играта на Пелистер се покажа како пресудна за поразот.

До крајот, нашиот претставник успеа да се консолидира и да се избори за подостоен пораз од 24:22, што сепак е премала утеха за добрата игра прикажана во првите 30 минути.

Голманот Лесјак беше фантастичен во првото полувреме и собра 10 одбрани до 25-та минута, а на крајот мечот го заврши со 12 одбрани. Кај стрелците, Жарко Пешевски и Мирко Радовиќ постигнаа по четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни