Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер се враќа со победа од гостувањето во Португалија

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат со победа од Португалија, каде вечерва го совладаа тимот на Агуаш Санташ (27:29) во групната фаза на Лига Европа.

По стартниот пораз на домашен терен од Архус, битолчани го поправија впечатокот во втората рунда и стигнаа до првата победа актуелнава сезона.

Еурофарм Пелистер уште на полувреме водеше со 12:15, во вториот дел ја задржа резултатската контрола, а најзначаен момент беше предноста од плус седум, при резултат 17:24.

Домаќините стопија голем дел од таа предност до крајот, се приближија неколку пати на минус еден, опасно се заканија, но македонскиот претставник ја задржа позитивата за конечни 27:29.

Хенеберг со 7 и Пешевски со 5 гола беа најефикасни во редовите на Еурофарм, додека кај Агуаш Санташ, неколку играчи постигнаа по 4 погодоци.

Во групата на Еурофарм, максимален учинок по две рунди имаат Фухсе Берлин и Архус, додека нашиот претставник и Бидасоа имаат по една победа и еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни