Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер се враќа без бодови од Словенија

Објавено

на

blank

Еурофарм Пелистер останува без победа во групната фаза на ракометната Лига Европа, а вечерва го заработи и вториот пораз и тоа на гостувањето кај Тримо Требње во Словенија (28:24).

Домаќините постојано имаа контрола на резултатот, на полувреме водеа со 14:12, но битолчани остануваа на мала негатива и во голем дел од средбата ја одржуваа резултатската неизвесност.

Последните десет минути започнаа со два гола негатива, но Тримо Требње направи разлика токму во завршницата, на 22:20 домаќините направија серија од 4:0 и на крајот стигна до сигурна победа, со резултат 28:24.

Мандалиниќ со 5 и Велковски со 4 голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека кај Тримо, Поточник и Сарак го завршија дуелот со по 5 погодоци.

Македонскиот претставник е на дното во својата група, откако има три порази и едно реми на четири одиграни средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни