Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер потпиша договори со четворица млади ракометари

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да работи за склопување на квалитетен тим за наредната сезона, но воедно размислува и за својата иднина, младите ракометари кои ќе добијат шанса во вториот тим во следната кампања.

Па така клубот од Битола информираше дека Симон Мирчевски, Дејан Југовски (десни бекови), Димитар Бардакоски (голман) и Христијан Митревски (лев бек) ставиле потпис на четиригодишен договор со матичниот клуб.

Се очекува тие во натпреварувачката 2020/2021 да играат во Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни