Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер најави хуманитарна акција на дербито против Вардар (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Вечното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар секогаш привлекува дополнително внимание на ракометната сцена, а бидејќи со ова дерби ќе биде затворена натпрерувачката 2024-та година во Битола, македонскиот првак најави специјална хуманитарна акција за саботниот спектакл.

Во текот на денешниот ден стана јасно дека билетите за големото дерби беа распродадени за само неколку минути, па покрај тоа што спектаклот е загарантиран на трибините и теренот, во сабота ќе гледаме и симпатична акција за да им се помогне на ранливите категории.

Навивачите од Битола веќе се запознаени со акцијата која ја практикуваат голем број европски клубови, па во сабота на полувреме ќе бидат фрлени голем број играчки кои ќе им бидат донирани на мали дечиња.

– РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (сабота, 14 декември -18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории.

– Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот, – гласи пораката на Пелистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни