Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер на фуриозен начин закажа финална пресметка со Вардар

Објавено

на

Двата најдобри македонски тима ја оправдаа фаворитката улога на турнирот во Струга, па така Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ги гледаме во финалето на 52-то издание на традиционалниот пресезонски турнир.

По извонредното издание на Вардар против шведски Гуиф, Еурофарм Пелистер беше уште поубедлив против грчки ПАОК, решавајќи го прашањето околу победникот уште во првиот дел.

Битолчани влегоа на теренот во петта брзина и не му дадоа никаква шанса на ривалот од Солун, кој по одиграни 30 минути успеа да постигне само 6 гола, а прими дури 19.

Уште во оваа фаза од мечот стана јасно дека избраниците на Ангеловски се тие кои патуваат во финалето, па вторите 30 минути беа чиста рутина.

На крајот, Пелистер стигна до максимални плус 16 и славеше со 36:20, па така закажа финале против Вардар кое на програмата е утре во 21:00 часот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни