Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер ќе има одложен старт на сезоната: Татабања нема да пристигне во Битола

Објавено

на

Еурофарм Пелистер со сигурност нема да ја почне својата европска сезона на 20-ти октомври како што беше предвидено според календарот на ЕХФ, откако коронавирусот му прави огромни проблеми на првиот ривал на нашиот претставник во Лигата на Европа.

Битолчаните требаше да бидат домаќини на Татабања наредниот вторник, но сега од Еурофарм Пелистер ни потврдија дека унгарскиот тим воопшто нема да пристигне во Македонија и дека натпревар нема да има.

Татабања има најмалку 15 позитивни ракометари на Ковид 19 и ситуацијата е навистина алармантна во овој тим, кој ќе мора да мине одреден период во тотална изолација пред да се врати на редовните обврски.

Од Пелистер ни потврдија дека Татабања не го планира гостувањето во Битола и хотелот кој бил предвиден за сместување на тимот не е резервиран, по што станува јасно дека Еурофарм ќе има задоцнет старт на сезоната.

Според последните информации, од Татабања испратиле молба до ЕХФ за одложување на средбата, а истата најверојатно ќе биде прифатена и натпреварот ќе добие нов термин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни