Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Цехте

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, денеска го потврди продолжувањето на соработката со словенечкиот ракометар Нејц Цехте.

Десниот бек одигра одлична сезона за битолчани и имаше големи заслуги за одбраната на титулата во домашното првенство, па сега ќе игра барем уште една сезона во дресот на Еурофарм.

– Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте.

– Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија. 31-годишниот Цехте вгради многу во освојувањето на титулата првак на Македонија 2023/24 и со уште поголеми амбиции ќе влезе во следната сезона, – стои во клупското соопштение на битолчани.

Цехте дојде во Пелистер од редовите на ГОГ Гудме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни