Македонија
Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на Ангеловски и го назначи Шундовски како привремен тренер
Вториот пораз од Алкалоид во краток временски интервал предизвика сериозен потрес во Битола, па така веднаш по крајот на мечот одговорност за резултатите презема Бранислав Ангеловски.
Досегашниот предводник на битолчани си поднесе оставка и го остави празно тренерското место во Еурофарм Пелистер, но засега планот на клубот е да му се довери на добро познато лице, пред да донесе вистинска одлука за следниот тренер.
Битолчани нема да брзаат со назначувањето на наследник на Ангеловски, но затоа најавија дека во наредниот период привремен тренер ќе биде Звонко Шундовски.
– РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година.
– Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски, – порачаа од „зелено-белиот“ табор.
-
Шпанија23 часа
Реал планира четири засилувања во 2025 година
-
НБА24 часа
Томпсон се врати дома, но Кари го украде шоуто и го сруши Далас (ВИДЕО)
-
Евролига21 час
Пантер дочекан со солзи во Белград (ВИДЕО)
-
Англија9 часа
Сколс има кошмар од една премиерлигашка ѕвезда: Леташе крај мене, тој ме испрати во пензија
-
Евролига10 часа
Шортс блескаше против европскиот великан Жалгирис, Париз е сензација во Евролигата (Видео)
-
Шпанија15 часа
Најмалерозниот играч на Барселона повторно се повреди (Фото)
-
Англија11 часа
Ново шокантно видео: Судијата Кут вовлекувал бела прашкаста материја за време на ЕП!
-
Свет22 часа
Начо: Му честитав на Родри за „Златната топка“, но…