Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ја наполни мрежата на Тинекс Пролет

Објавено

на

Еурофарм Пелистер оствари убедлива победа над Тинекс Пролет (38:22) во последниот натпревар од десеттото коло на ракометната Суперлига.

Гостите од Скопје рано останаа без шанси да се борат за поволен резултат против Еурофарм, па битолчани уште на полувреме водеа со 21:7, што јасно го навести епилогот од средбата.

Високото водство овозможи релаксиран финиш за фаворитот, а Тинекс Пролет имаше барем реализаторски подобро второ полувреме, иако доживеа висок пораз на оваа средба.

Мајнов со 6 гола бил најефикасен во редовите на гостинската екипа, a ист ефект кај домаќините имаше Костески.

По оваа рунда, Еурофарм Пелистер останува на делба на првото место со Вардар, додека Тинекс Пролет е на петтата позиција со шест бодови помалку од лидерите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни