Поврзете се со нас

СЕХА лига

Еурофарм Пелистер ја надигра Металопластика и прокнижи трета победа во СЕХА

Објавено

на

Еурофарм Пелистер стигна до третата победа во СЕХА лигата, откако по вторпат оваа сезона излезе како победник во дуелот со Металопластика, овојпат на гостувањето во Србија.

Металопластика има епитет на незгоден домаќин, но оваа вечер беше комплетно немоќна во дуелот со расположените играчи на Жељко Бабиќ кои во спроедба во воведната рунда, денеска беа доста поуверливи против истиот противник.

Еурофарм ја победи Металопластика на домашен терен на крајот на минатата година со 30:26, а вечерва оствари триумф од 27:34 и јасно презентираше голема разлика во квалитет.

Офанзивно гледано Елмир Граџан беше непогрешлив во дуелот со српскиот тим и постигна седум гола од исто толку обиди, по пет реализации имаа Мандалиниќ и Периќ, додека фантастичен на голот беше Чаневски со 15 одбрани.

Во следниот период, продожува пеколниот распоред за битолчани на три фронта, бидејќи покрај двата натпревари со Магдебург во Лигата на Европа, има дуели против Бутел и Вардар во домашното првенство, како и СЕХА предизвик против Татран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни