Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер ја чека утрешната ждрепка за ЛШ од третиот шешир

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер утре ќе ги дознае противниците во групната фаза на ракометната Лига на шампиони, а денеска е потврдено дека битолчани дефинитивно ќе бидат дел од третиот шешир во ждрепката.

Македонскиот шампион втора сезона по ред ќе игра во најелитното европско натпреварување бидејќи доби валјд кард од страна на раководството на ЕХФ, а и овојпат ќе има силни противници во една од двете групи кои ќе бидат извлечени.

Еурофарм Пелистер е во ист шешир со Загреб, Динамо Букурешт, Спортинг и Колштад, а во една од групите ќе има две селекции од оваа група екипи.

Во првиот шешир се Барселона, Магдебург, Висла, Алборг, Веспрем и ПСЖ, додека во вториот се Фухсе, Кјелце, Фредериција, Пик Сегед и Нант.

Ждрепката утре ќе започне во 17:30 часот, а првото коло ќе се игра на 11 и 12 септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни