Македонија
Еурофарм Пелистер и Вардар понудија ракометна рапсодија во Битола, на крајот се радуваа домаќините
Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа една од најефикасните дерби пресметки во последно време, бидејќи двата македонски великани денеска не мислеа многу на одбрана и гледаа само да постигнат гол повеќе во противничката мрежа.
Ваквиот расплет не можеше да се замисли по првите 30 минути во кои на паркетот доминираше само еден тим, но Вардар одби да се предаде и се погрижи за вистинска драма во второто полувреме.
Слично како при своите неверојатни враќања во Лигата на шампиони, Вардар се обиде да направи кам-бек од „минус девет“ и се погрижи за трилер завршница, но сепак ракометарите од Битола останаа мирни и успеаја да остварат победа од 35:33.
Еурофарм Пелистер одигра речиси перфектно прво полувреме по кое имаше предност од 22:13, но вардарци уште еднаш покажаа голем карактер и на две минути пред крајот на натпреварот дојдоа на само „минус еден“. Како клучен се покажа голот на Радивојевиќ за „плус два“, а токму овој играч беше најдобар поединец на мечот со неверојатни 13 реализации.
Богдан беше нерешлива енигма за одбраната на Вардар и го наполни голот на гостите, осум постигна Кузмановски, додека во таборот на Вардар најефикасен беше Крсманчиќ со девет погодоци.
Еурофарм Пелистер со оваа победа се израмни со Вардар на табелата, но скопскиот ривал има подобар меѓусебен дуел поради тоа што на домашен терен славеше со три гола разлика (27:24).
-
Светски првенства19 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства18 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија18 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија20 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија20 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Светски првенства6 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Свет19 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Шпанија24 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија