Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер и Металург убедливо до победи во Супер лигата

Објавено

на

Еурофарм Пелистер и Металург ги оправдаа фаворитските улоги на денешните суперлигашки дуели со Прилеп, односно Скопје и дојдоа до нови победи во домашното првенство.

Во скопскиот дуел, Металург уште на полувреме водеше против новиот суперлигаш Скопје 2020 со 17:9, а до крајот стигна до победа со резултат 33:24, што значи и крај на серијата од два пораза по ред на составот од „Автокоманда“.

Хорват со 8 и Озтурк со 7 голови биле најефикасни играчи на натпреварот, кој за Скопје е единаесетти пораз на исто толку натпревари сезонава во шампионатот.

Еурофарм Пелистер триумфираше против Прилеп како гостин (24:41), а битолскиот состав не дозволи неизвесност бидејќи уште на полувреме имаше водство од 12:22.

Костески со 12 голови бил убедливо најдобар поединец на Еурофарм на средбата во Прилеп, а Тренчевски со 9 погодоци ги предводел стрелците кај домашниот тим.

Металург со четвртата победа стигна до 12 бодови и останува во вториот дел од табелата, додека Еурофарм е на врвот со 30 бодови и привремено три бода повеќе од Вардар кој допрва ќе го одигра својот натпревар од единаесеттото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни