Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер херојски го положи оружјето пред силниот ПСЖ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер како клуб најави дека во новата сезона голема цел ќе биде што подобро претставување на тимот во најелитното европско натпреварување, а ако се суди според стартот, македонскиот првак навистина го чекаат повпечатливи европски ноќи во наредните месеци.

Битолскиот великан минатата сезона не оствари ниту една победа во Лигата на шампионите и главна цел е да се поправи впечатокот, па веќе натпреварот во првото коло донесе нависитна огромен предизвик.

Францускиот великан ПСЖ се мачеше да го скрши отпорот на Пелистер на стартот на мечот и до првото водство стигна преку Пранди во 11-та минута (5:4), а тоа беше најава за подобри втори десет минути за фаворитот, во кој се стигна и до максимални плус четири во таа фаза. До полувремето, ПСЖ успеа да ја зголеми предноста и на пауза да замине со 18:13, но македонскиот првак сепак не го имаше кажано последниот збор.

Избраниците на Ангеловски не се предадоа и успеаја да останат резултатски во игра до последните 10 минути, а на пет минути пред крајот имаа само минус два (28:26) и постоеше надеж за голема сензација.

Сепак, ПСЖ го одбрани водството и со 31:29 ги освои првите три бода во новата натпреварувачка сезона, додека Пелистер сигурно ќе биде горд што скапо ја продаде кожата против еден од фаворитите за највисок пласман.

Незадржлив за нашиот претставник беше Камил Сипжак кој постигна дури 11 гола, додека извонреден во Пелистер беше Кузмановски со осум реализации.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни