Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер го совлада Спортинг во Лига Европа

Објавено

на

Еурофарм Пелистер славеше над Спортинг со убедливи 31:25 во ракометната Лига Европа и продолжи со серијата позитивни резултати во ова натпреварување.

Битолчани на полувреме имаа минимална предност од 14:13, но со многу подобар втор дел ги заслужија бодовите во дуелот со португалскиот противник.

Мандалиниќ и Периќ со по 7 голови беа најефикасни во составот на Еурофарм Пелистер, додека Салвадор со 6 гола ги предводеше реализаторите во редовите на Спортинг.

Еурофарм стигна до петти натпревар без пораз во ЛЕ, односно трета победа во својата група.

Со овој учинок битолчани се на второто место, со бод помалку од лидерот Ним.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни