Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го растури новиот тим на Јовиќ

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер наоѓа утеха во натпреварите во домашното првенство за сите порази во Лигата на шампионите, а вечерва играчите во „сино-црно“ немаа милост за својот доскорашен тренер.

Александар Јовиќ мораше да се врати во Битола еден месец откако го напушти кормилото, но овојпат како тренер на Пролет, тим кој на крајот претрпе тежок пораз.

И покрај тоа што добро ги познава ракометарите на Еурофарм, разликата во квалитет е евидентна и македонскиот првак оствари рутински триумф, реализиран со 11 голови разлика.

Пролет денеска успеваше да парира во првите 20 минути во кои имаше негатива од два до три гола, но потоа Пелистер почна да се одлепува и во вториот дел го зададе конечниот удар.

Кузмановски, Пешевски и Радивојевиќ постигнаа по четири гола во победничкиот тим, а најмногу на натпреварот постигна Арсеновски од редовите на Пролет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни