Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го одбрани домашниот терен во дербито со Алкалоид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер како најдобар тим во регуларниот дел од сезоната се врати на првото место во ракометниот плејоф, откако вечерва во возбудлив и интересен натпревар го доби дербито со Алкалоид.

Триумфот од 30:28 значи дека битолчани остануваат главни претенденти за највисок пласман и оваа сезона, но од друга страна, Алкалоид го претрпе и вториот пораз во третото коло од разигрувањето, што прави работите за избраниците на Кирил Лазаров да бидат доста посложени.

Тимот од Автокоманда доби тежок распоред на стартот и ова е втор неуспех на гостински терен по оној против Вардар во „Јане Сандански“, а тоа прави сега да има пет бодови помалку од првопласираниот Еурофарм Пелистер.

За разлика од мечот против Вардар, Алкалоид денеска беше далеку поконкурентен и беше во егал ситуација во најголем дел од мечот, но на крајот пресуди искуството на домаќините, како и огромната поддршка која ја добиваа играчите во зелено од своите навивачи.

Еурофарм Пелистер победи со 30:28 и останува перфектен на стартот на плејофот, па сега има вкупно девет бодови, еден повеќе од второпласираниот Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни